Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Европскиот првак Вардар го пречекува францускиот Монпелје во СЦ „Јане Сандански“, а натпреварот ќе се игра утре со почеток во 17:30 часот.
Судии на овој натпревар ќе бидат Словаците Михал Бадура и Јарослав Ондогречула, а делегат ќе биде Црногорецот Предраг Павичевиќ.
Ако Вардар триумфира над Монпелје, а во исто време и Порто биде поразен кај Мешков Брест, „црвено-црните“ ќе завршат на петтото место во групата.