Еурофарм Пелистер го очекува четвртфиналниот натпревар од регионална СЕХА лигата против белорускиот првак Мешков Брест.
Словенецот Сташ Скубе има играно во Битола со Вардар, но сега ќе гостува со друг тим.
„Неколку ракометари ќе ни недостигаат, посебно што дел од нив се меѓу важните алки во тимот, но верувам дека ќе имаме добра замена. Еурофарм Пелистер сигурно е тежок ривал, изненадувања секогаш се можни. Направија одличен трансфер период и направија добар шопинг, a од тоа што го видов имаат добар тим. Тие знаат што прават и сигурно не се истиот тим од пред две или три сезони. Мислам дека шансите се 50-50“, изјави Скубе.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мешков Брест се игра утревечер од 20:15 часот во салата „Боро Чурлевски“.