По објавениот список од страна на ЕХФ за екипите кои имаат загарантирано место во Лигата на шампионите кај дамите во новата сезона, денес ракометната куќа соопшти кои екипи имаат добиено вајлд-карта.
Од вкупно 10 пријавени екипи за вајлд-карта, шест беа одобрени, додека четири екипи останаа без учество во Лигата на шампионите за новата сезона.
Екипите на Ростов Дон, Есбјерг, Кастамону, Савехоф, Крим и Мец обезбедија учество во Лигата на шампионите преку вајлд-карта, додека Баја Маре, Битигхајм, Сторхамор и Баник Мост останаа без учество во Лигата на шампионите.
Од претходно, загарантирано место обезбедија екипите на Подравка, Оденсе, Брест Бретањ, Борусија Дортмунд, ФТЦ Будимпешта, Ѓер, Будуќност, Вајперс Кристијансад, ЧСМ Букурешт и ЦСКА Москва.