Си го одржа ветувањето: Ги истетовира олимписките кругови и му оддаде почест на Кинтана (ФОТО)

Стратегот со кој селекцијата на Португалија го направи најголемиот успех пласирајќи се на Олимписките игри, Пауло Переира го одржа своето ветување. Тој имаше ветено дека ќе направи тетоважа со олимписките кругови доколку се пласираат на игрите во Токио, а сега го исполни ветеното.

Переира направи тетоважа на која се гледаат олимписките кругови според боите кои ги симболиираат континентите. Покрај тоа стои и годината 2021. Нулата е направена како буквата „Q“, а тоа е првата буква од презимето на починатиот голман Алфредо Кинтана (Alfredo Quintana). Единицата е стилизирана да го симболизира бројот кој го носеше репрезентативецот на Португалија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulo Pereira (@paulopereirahand)

Сето ова е во почит на Кинтана и за да се одржи ветувањето така што Переира си остана на збор.