Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска ќе го има првиот собир во рамките на ЕХФ неделата.
На пладне, селекторот Симе Симовски ќе ја направи првата прозивка. Дел од ракометарките што се најдоа на скратениот список, а настапуваат во странство, веќе се во Скопје.
Тимот веројатно ќе се комплетира во текот на утрешниот ден и ќе може да се подготвува за првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Шпанија против Романија.
Гостувањето во Букурешт е предвидено за 17 април, а натпреварот со селекцијата на Ади Василе ќе се игра во салата „Поливалента“ од 17:00 часот. Реваншот ќе биде на 21 април во СЦ „Јане Сандански“, исто така од 17:00 часот.