Најдобриот стрелец на репрезентацијата на Украина и поранешен ракометар на Еурофарм Пелистер, Владислав Остроушко има нов клуб во неговата кариера.
Искусниот ракометар е ново засилувања во грчки Олимпијакос. Минатата сезона, Остроушко настапуваше за екипата на Синфин во Шпанија. Во дресот на Синфин одигра 12 натпревари и постигна 40 гола.
Владислав Остроушко додека го носеше дресот на Еурофарм Пелистер беше предводник на битолската екипа и нејзин прв стрелец во Лигата на шампионите во сезоната 2019/2020.
Украинскиот лев бек претходно беше дел од Кадетен Шафхаузен, Мешков Брест, Баја Маре, Селка, Азоти Пулави, Динамо Минск, Нева и Мотор Запорожје.