Рапид Букурешт со Ким Расмусен на клупата има големи амбиции не само во домашното првенство, туку и во Лигата на шампионите.
Еден од најбогатите романски клубови, падна на првиот испит во новата сезона од романскиот шампионат и тоа на домашен терен.
Рапид загуби со 29-24 од новиот тим во елитната конкуренција, Корона Брашов, а најдобар стрелец беше екс членката на тимот од Букурешт, Азенаиде Карлуш со осум гола.
Покрај неа, босанската голманка Аница Гудељ имаше неверојатни 22 одбрани од 47 упатени удари кон нејзиниот гол, а и таа постигна еден погодок.
Во другите натпревари немаше поголеми изненадувања, па фаворитите ЧСМ Букурешт, Валчеа, Дунареа Браила, Глорија Бистрица…забележаа победи.