Репрезентативката на Македонија и интернационалка во првенството на Хрватска, Андреа Седлоска се врати на терените со погодок и победа со нејзиниот тим Локомотива.
Екипата од Загреб дојде до победа од 34:13 против тимот на Трешњевка со што само беше оправдано лидерското место на табелата во најсилната лига на Хрватска.
Седлоска, која не беше дел од тимот на Локомотива на претходните четири средба сега доби шанса за настап и успеа да постигне еден погодок од еден шут.
Инаку, Локомотива е единствената екипа без пораз после пет кола во шампионатот на Хрватска.