СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Крајот на ЖРК Вардар – толку блиску, а толку далеку од европска титула (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме натпреварот од финалето на женската Лига на шампиони во сезоната 2017/2018, меѓу Вардар и Ѓер, кој беше одигран на 13 мај во „Ласло Пап Арена“. Исто како и претходната година, унгарскиот тим славеше по две продолженија со 27-26, иако вардарки во последните секунди имаа шанса мечот да го однесат на пенали. Овој натпревар беше последниот што ЖРК Вардар го одигра во ѕвезден состав...