Се откажаа од настап во Европа, салата им е претворена во ковид-болница!

Српскиот претставник во ЕХФ купот, Железничар од Ниш се откажа од настап во европското натпреварување заради моменталната ситуација со коронавирусот во државата. Како што се вели во соопштението од клубот главната причина е зафатеноста на салата.

Салата „Чаир“ во Ниш е претворена во Ковид болница, а бидејќи таа е единствената која исполнува услови за европски натпревари клубот остана и без место за одигрување на натпервари. Освен тоа сочувувањето екипата да остане здрава е втората причина за оваа одлука.

„Со адаптирањето на салата Чаир во болница останавме без сала која ги исполнува условите за одигрување на меѓународни натпревари. Со самото тоа останавме без можност најмалку два натпревари да играме на домашен терен. Ова ни ја одзема смислата за натпреварување и не става во нерамноправна позиција со противниците. Со тешко срце ја донесовме оваа одлука да се откажеме, која не е во духот на спортот и нашиот клуб, но е рационална и во согласност актуелната епидемиолошка ситуација. Дури 11 натпревари се одложени од вкупно 19 од второто коло и неизвесно е кои дуели воопшто ќе се играат“, стои во соопштението од клубот.

Како и да е, ставот на Железничар е дека и во двете ситуации екипата губи, но ситуацијата е таква што вонредната состојба го диктира развојот на настаните. Железничар требаше да се сретне со турикиот тим Спорт Тото од Анкара.