Се одиграа реваншите, познати најдобрите четири екипи во СЕХА дивизија „исток“

Во Русија и Белорусија, се одиграа реванш средбите од четирите четвртфинални двобои и се познати најдобрите четири екипи.

ЦСКА Москва славеше против СКА Минск во реваншот со 36-34, но белорускиот тим имаше предност од првиот меч од четири гола, 30-26, и го елиминира рускиот тим.

Втор белоруски претставник во ТОП 4 ќе биде Мешков Брест, кој го елиминира Гомел со две победи, 37-33 и 41-26. Во ТОП 4 место обезбедија Чеховски Медведи по елиминацијата на Машека Могилев (43-25, 32-22) и Пермски Медведи, кој поради гол повеќе на гости кај Зенит оди понатаму.

На првата средба во Санкт Петербург, Пермски Медведи славеа со 33-32, а Зенит возврати во Перм и победи со 31-30, но во СЕХА се уште важи правилото „гол повеќе на гости“, па оди во следната фаза.

Дали и кога овие четири екипи ќе вкрстат со најдобрите четири екипи од дивизијата „југ“ во СЕХА или ќе одиграат посебен Ф4 пред соочувањето со балканските екипи, останува да видиме во следниот период.