Откако пред пет дена беше објавено дека во тимот на Охрид има два позитивни случаи на Ковид-19, сега таа бројка се зголеми на вкупно шест.
Охридскиот клуб ја објави оваа информација на социјалните мрежи. Станува збор за петмина ракометари и еден член на управата.
Претходно Струга пријави седум позитивни случаи, КЛ7 дури 16, додека во Радовиш има двајца.
Вчера и тимот на Работнички, кој се натпреварува во другата група од Суперлигата, пријави дека практично целиот тим е заразен.
Како ќе постапи РФМ, и дали има план Б, Ц и Д во ваква ситуација, останува да видиме.