Савевски: Црна Гора е светска велесила, но наше да се покажеме во добро светло

Репрезентацијата на Македонија денеска од 20:15 часот го игра првиот натпревар во ЕХФ Еуро купот, а за противник ја има селекцијата на Црна Гора. Овој дуел се игра во салата во СЦ „Борис Трајковски“, а сосема извесно е дека гостинките влагаат на средбата со улогата на фаворитки.

Црногорките имаат предност на теренот, но на Македонија е да влезе на овој дуел со желба за докажување против ривалот и без притисок.

„Црна Гора е светска велесила и тоа е добра позната. Гледавме неколку натпрвари за анализа. Меѓу нив беше и натпреварот против Норвешка и начинот на кој дојдоа до победа беше феноменален. Има гласини дека нема да бидат комплетни против нас, но имаат многу квалитетни млади ракометарки“, вели селекторот Савевски пред овој дуел.

Македонија има своја нова цел, а што може вечерва да се очекува.

„На оваа средба сакаме да покажеме што е можно повеќе со оглед на тоа што имавме само 2-3 дена тренинзи во комплетен состав. Да ја отвориме вратата за понатаму за уште поголеми планови и поголеми дострели“, коментираше Савевски за 24 Ракомет.

Покрај денешната средба репрезентацијата на Македонија ќе одигра уште еден дуел против Црна Гора, кој е предвиден за в недела во Подгорица.