Русија може да остане без селектор среде првенство

Репрезентацијата на Русија може да остане без селекторот Амброш Мартин кој може да биде исфрлен од Европското првенство поради казна за неговото однесување после натпреварот против Чешка.

Мартин после давањето на изјава пред ТВ камерите бил виден како се ракува со некој од челниците на Ракометната федерација на Русија и тоа на трибините во салата.

Откако бил забележан дека го направил ова кое не е дозволено на првенството, Мартин бил пријавен.

Стручниот консултант на ТВ 3 и Виаплеј, поранешниот репрезентативец на Норвешка, Оле Еревик го искажа своето мислење за ситуацијата.

„Сметам дека нема друга опција освен Амброш Мартин да биде отстранет од Европското првенство. Доколку ова не е грубо кршење на правилата на однесување, тогаш не знам што би било друго. Не знам што ќе направи ЕХФ по ова прашање, но мора да реагира“, вели Еревик.

Засега нема реакција од страна на Европската ракометна федерација по ова прашање, но дефинитивно може да има некаква казна.