Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска продолжува со одличните игри и резултати во првенството на Русија. На последниот натпревар одигран денеска таа со своите колешки од ЦСКА Москва дојде до победа на домашен терен од 37:14 против тимот на Изевск.
ЦСКА Москва беше во постојана предност, а Ристовска на теренот мина нешто повеќе од 23 минути. Тренерот ја распореди минутажата кај сите ракометарки, па оттаму и ниту една не се двоеше според бројот на головите.
Ристовска имаше реализација од 60 проценти, а успеа да постигне три гола.
Во моментов ЦСКА Москва е на 3. место, со шест бода помалку од лидерот Ростов Дон и четири помалку од второпласираната Лада Тољати. Сепак, ЦСКА Москва има два меча помалку и ќе може да се доближи.