Уште една национална ракометна федерација од Европа се прикучи на земјите кои го прекинаа првенството. Федерацијата на Исланд означи крај на првенството и во машка и во женска конкуренција.
Пласманот на екипите на крајот на сезоната е оној од моментот кога беше прекинато првенството. Во машка конкуренција прва заврши екипата на Валур, додека во женска конкуренција на прво место е Фрам.
Клубовите не се прогласени за шампиони на Исланд, но сепак ќе добијат соодветно место во европските натпреварувања. Прекинот на шампионатото во Исланд заради коронавирусот се покажа како и конечен крај на натпреварите за оваа сезона.