Тимот на Рајн Некар Левен ќе остане на подолго време, најмалку до крајот на оваа година без услугите на голманот Микаел Апелгрин.
Шведскиот чувар на мрежата имаше повреда на левото рамо и беше на операција, која според извештаите на германскиот тим поминала одлично.
Иако не е потврдено колкава ќе биде паузата, бундеслигашот најави дека ќе бидат без Апелгрин најмалку до крајот на годината.
Тренерот Мартин Швалб сега ќе мора да се потпре на Андреас Паличка и на голманите од младинскиот тим, па ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат една пречка помалку на дуелот од Лигата на Европа што ќе се игра на 24 ноември.