Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги добија ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на Европа.
Битолчани ќе бидат дел од групата Д заедно со унгарската Татабања, францускиот Ним, грчкиот АЕК Атина, португалскиот Спортинг Лисабон и стариот познаник Кадетен Шафхаузен.
Според прелиминарниот распоред, македонскиот вицепрвак ќе стартува на домашен терен против Ним, потоа го чекаат две врзани гостувања во Швајцарија и Грција, а групната фаза ќе биде завршена на 8 март со домашен дуел против АЕК.
Распоред на натпревари:
19.10.2021 Еурофарм Пелистер – Ним
26.10.2021 Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер
16.11.2021 АЕК Атина – Еурофарм Пелистер
23.11.2021 Еурофарм Пелистер – Татабања
30.11.2021 Спортинг Лисабон – Еурофарм Пелистер
07.12.2021 Еурофарм Пелистер – Спортинг Лисабон
15.02.2021 Ним – Еурофарм Пелистер
22.02.2022 Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен
01.03.2022 Татабања – Еурофарм Пелистер
08.03.2022 Еурофарм Пелистер – АЕК Атина
Покрај овие датуми, на располагање се уште 14 декември и 8 февруари за играње на евентуалните одложени средби поради актуелната ситуација во светот со коронавиирусот.