Составот на Радовиш продолжува со пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во суперлигашката конкуренција.
Избраниците на Васко Василев убедливо славеа против прволигашот Вардар Неготино со девет погодоци, 30-21. Најдобар стрелец беше левото крило на Радовиш, Зоран Стојановски со десет гола. Овие две екипи ќе одиграат уште еден пријателски дуел в недела во Неготино.
Радовишани лани мораа да се борат во бараж натпревар за да останат во суперлигашката конкуренција. Задржаа голем дел од играчите од минатата сезона, а донесоа лев бек од Србија и десен бек од Босна и Херцеговина.
Првенството за Радовиш стартува на 9 септември со домашен двобој против Струга, додека Вардар Неготино ќе стартува во прволигашката конкуренција на 18/19 септември.