Публиката се враќа во Унгарија и Полскa: Веспрем, Келце, Висла…ќе играат пред навивачи

Од почетокот на месец мај, во Унгарија и Полска, навивачите ќе можат во живо да ги бодрат своите миленици.

Во овие две држави беше донесена одлука дека публиката може полека да се враќа во салите.

Во Полска за почеток, салите ќе може да бидат исполнети со 50% од капацитетот, а тоа значи дека последното полско дерби меѓу Келце и Висла Плоцк ќе биде одиграно пред гледачи, а Келце ќе ја има предноста на домашниот терен.

Во Унгарија засега не е познато во колкав обем се враќа публиката во сала, но шампионот Веспрем веќе најави дека ќе пушти во продажба влезници за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Нант.