Во мечот на неделата според ЕХФ во Лигата на шампионите, ПИК Сегед на гостувањето кај Алборг забележа сигурна победа со 35:28.
Екипата од Унгарија имаше сигурен настап на гостувањето во Данска. Во многу ефикасен натпревар особено во првиот дел, ПИК Сегед стигна до втората победа во Лигата на шампионите сезонава. Веќе во првиот дел гостите најавија дека се дојдени по бодовите, имаа и највисоки десет редност, но на полувреме сепак таа беше преполовена и беше 17:22. Во вторите 30 минути без никакви проблеми ја одржаа предността и го приведоа мечот до крај.
Најефикасен кај Алборг беше Молгард со постигнати седум гола, во екипата на ПИК Сегед извонреден беше Бенце Банхиди со 11 гола, а Богдан Радивојевиќ постигна осум гола.
ПСЖ оствари очекувана победа на против Целја на домашен терен со 27:18. Парижаните имаа добар почеток и брзо стигнаа до водство од 8:2. До крајот на првото полувреме Целје се врати и замина на негатива од два гола. По 30 минути беше 13:11. До крајот на натпреварот со сигурна игра ПСЖ не дозволи изненадување и стигна до сигурна победа.
Најдобар стрелец за ПСЖ беше Недим Ремили со седум гола, а по четири постигнаа Карабатиќ и Абало. во тимот на Целје најефикасен беше Гребенц со четири гола, а Диого Силва постигна три гола.