Францускиот првак ПСЖ објави дека се продолжени договорите со голманската двојка и за следната натпреварувачка сезона.
Шпанскиот стратег Раул Гонзалес и раководството се задоволни од учинокот на Јаник Грин и Андреас Паличка, па клубот им понуди нови соработки.
Данскиот и шведскиот голман ќе останат во француската престолнина со новиот договор најмалку до 2025 година.
ПСЖ не претрпе големи промени ова лето, заминаа само Даинис Кристопанс и Хенрик Тофт Хансен, а дојдоа Кент Робин Тонесен, Рубен Марчан и Јакоб Холм.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!