Откако на 12 март беше донесена одлука да нема никакви спортски натпреври на територија на Хрватска до 1 април, од вчера има нов која ја продолжи оваа пауза за нови 15 дена.
Според информациите кои се објавени од страна на раководството на Ракометната федерација на Хрватска, паузата е продолжена до 15 април. Дотогаш нема да се играат натпревари во ниту една од лигите во Хрватска така што останува да се види дополнително дали ќе има и нова одлука.
Со оглед на тоа што бројката на заболени од коронавирусот и понатаму расте во Хрватска за очекување е да дојде и до ново пролонгирање, па тешкое да се верува дека во април ќе има воопшто натпревари.