Со натпреварите кои денеска и утре е бидат одиграни низ Македонија стартува пролетниот дел од сезоната, но поради актуелната ситуација со Корона вирусот работите не се како што се посакува.
После препораката од Владата клубовите се изјаснија и одлучија да нема публика на трибините. Натпреварите ќе се играат без навивачи така што првите дуели ќе минат без поддршка за домашните тимови.
Одлуката е да биде вака до 6 март, а потоа во зависност од ситуацијата работите може и да се менуваат. Затоа останува да се види како ќе се одвива ситуацијата со вирусот и дали ќе има дозвола за враќање на фановите во салите.