Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжуваат победничката серија на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Откако победија на четири меча на Струшкиот турнир, вчера славеа над Вардар, а вечерва го совладаа и тимот на Бутел Скопје со 36-23.
Битолчани го обезбедија триумфот уште по првиот дел, кога имаа висока позитива од шест погодоци, 10-16.
Во второто полувреме, во двете екипи, шанса за настап добија сите ракометари од клупата, но тоа не го промени резултатот. Напротив, разликата се дуплираше и мечот заврши 23-36.
Битолчани се подготвуваат за настапите во регионалната СЕХА лига и Лигата на Европа, додека Бутел исто така за ЛЕ, но нивните обврски стартуваат веќе следниот викенд.