Репрезентативката на Македонија, која блесна уште на првиот дуел на ЕХФ шампионатот во Скопје, Сара Миновска е најдобро лево крило на турнирот кој се одржа во салата во СЦ „Јане Сандански“.
Таа имаше забележителни партии и речиси да одигра и без замена за време на сите натпревари така што на крајот доби признание за она што го направи за националните тим во изминатите денови.
Миновска е единствената репрезентативка на Македонија која се најде во изборот за Ол-стар тим на ЕХФ шампионатот. Најдобра ракометарка е Катарина Моленар од Холандија, која беше и клучната во победата над Македонија во средата кога практично беше и обезбедено полуфиналето за селекцијата која го освои турнирот во Скопје.
ЕХФ ШАМПИОНАТ ВО СКОПЈЕ
ОЛ-СТАР ТИМ
ГОЛМАН: Ракул Вардум (Фарски острови)
ЛЕВО КРИЛО: Сара Миновска (Македонија)
ЛЕВ БЕК: Катарина Моленар (Холандија)
СРЕДЕН БЕК: Јулија Нивијадомска (Полска)
ДЕСЕН БЕК: Анасаија Сивукна (Белорусија)
ДЕСНО КРИЛО: Раксел Елварсдотир (Исланд)
ПИВОТ: Фани Рејкаинен (Финска)
ДЕФАНИВЕЦ: Брит Маршалкерверд (Холандија)
СТРЕЛЕЦ: Јана Митун (Фарски острови) – 44 гола
МВП: Катарина Моленар (Холандија).