Машката кадетска репрезентација на Македонија не успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Скопје, откако загуби во финалето од Полска со 35-33.
Сепак во македонскиот тим има причина за радост, со оглед на тоа што Марко Митев е прогласен за најдобар среден бек и најкорисен играч, односно МВП на турнирот.
Покрај Митев, уште еден македонски репрезентативец се најде во идеалниот тим, а тоа е левото крило Петар Атанасијевиќ.
Полска обезбеди место на ЕП, а нашата селекција ќе чека на одлуката на ЕХФ дали ќе се играат дополнителни квалификации за елитната дивизија.