Тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер ќе одиграат пријателски натпревар во текот на подготовките за пролетниот дел од полусезоната.
За битолчани и за новиот тренер Жељко Бабиќ, тоа ќе биде трет во низа, по оние две средби со КЛ7, додека за Вардар и новиот стратег Стевче Алушовски, кој претходно ги тренираше битолчани, оваа средба ќе биде прв тест пред дуелите во Лигата на шампионите.
Двете екипи ќе се комплетираат со сите репрезентативци што играа на Европското првенство на 21 јануари, а пријателскиот натпревар е закажан за 23 јануари.
Вардар го чека средбата со Кил на 5 февруари, додека Еурофарм ќе се сретне со хрватскиот Нексе во осминафиналето од регионалната СЕХА лига.