Женската репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот со Украина за пласман на Светското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.
Пред двете средби со Украина, избраничките на Љубомир Савевски во рамките на ЕХФ неделата во март ќе одиграат две контролни средби со Турција.
Натпреварите ќе се играат во Турција на 2 и 4 март, а ќе бидат искористени како проверка на формата на ракометарките пред дуелите со Украина.
Двомечот со Украина ќе се игра во Скопје на 8 април од 19:00 часот и во унгарскиот град Кишварда на 11 април од 17:00 часот.