Репрезентацијата на Чешка која во јануари се изнамачи со големиот број на позитивни случаи со Ковид 19 неделава игра три средби, а денеска дојде до првите бодови во квалификациите за ЕП 2022 откако се избори за победа против Фарските острови со 28:20.
Чесите беа фаворити на овој дуел и тоа го потврдија на теренот. Имаа предност уште во првите 30 минути од 14:8 и овие шест погодоци во продолжение беа постојано зголемувани за на крајот да биде осум гола разлика.
На оваа средба Чешка беше со изменет состав во однос на првенството во Египет во јануари, а и нов селектор, па допрва ќе треба да се враќа формата на националниот тим кој е во пад.
Јан Узек со шест и Јакуб Хрстка и Мирослав Јурка со по четири гола беа најефикасни во репрезентацијата на Чешка, додека во Фарските острови, Кјартан Јохансен со четири беше прв стрелец.
Колку е формата напред ќе се види веќе в недела кога се игра уште еден дуел против Русија, но сега на домашен терен. Фарските острови ќе ја пречекаат селекцијата на Украина.