На две кола до крајот на првиот дел од сезоната во Групата 1 од Првата машка лига веќе нема дилеми кои четири екипи ќе играат во плеј-офот.
Според бројот на бодовите јасно е дека екипите на Астраион, Прилеп, Јуниор Кисела Вода и Вардар Неготино си го обезбедија местото во плеј-оф групата за следната година. Тие ќе играат дефинитивно во оваа лига и без разлика на резултатите од последните две кола веќе го имаат местото.
Остануа на другите тимови да се обидат да дојдат до подобар пласман во зависност од тоа како ќе се одвива трката бидејќи во следната сезона, 2020/21 можно е да има и трета лига по ранг (Втора лига), па нема да биде сеедно на кое место ќе се финишира во овој дел од шампионатот.