Почнаа одложувањата во Лигата на Европа!

Иако се претпоставуваше дека сите 12 натпревари од третото коло во Лигата на Европа ќе бидат одиграни, нема да биде така.

Првиот одложен натпревар, а веројатно не и последен, е дуелот што требаше да се игра во Прешов, меѓу домаќинот Татран и романскиот Динамо Букурешт.

Поради строгите правила во Словачка, сите што доаѓаат од Романија мора да бидат во карантин две недели (а тоа Динамо не може да го направи), ЕХФ мораше да го одложи натпреварот.

Раководството на Татран се обиде да издејствува специјална дозвола за романскиот тим, но сепак не успеа во тоа.

Македонските претставници Металург и Еурофарм Пелистер, треба да играат со Адемар Леон и Кадетен Шафхаузен, а тие натпревари се на програмата на 17 ноември.