Пофалби за играчот на Металург – Додиќ ме потсетува на Кањелас кога беше на негова возраст

Селекторот на Србија, Тони Херона, за првпат во сениорската репрезентација го повика членот на Металург, Стефан Додиќ.

Српскиот вундеркинд, имаше понуда да заигра и за Македонија, но не ја прифати, а во Србија гледаат во него иден лидер на националниот тим.

Средниот бек дебитираше против Франија и Грција во евро квалификациите, а Херона има само пофални зборови за него.

„Пресреќен сум поради Стефан. Го следев на натпреварите на Металург, пред се на оној со Тулуз во Лигата на Европа. Многу ме потсетува на Жоан Кањелас кога беше на негова возраст. Не е премногу брз и експлозивен, но има талент да носи вистински одлуки во тешки ситуации. Ме импресионира од самиот старт, поради што остана со репрезентацијата до крајот. Го заслужи тоа, но нема да дозволиме нашите млади играчи да изгорат. Ова е првпат да биде со нас, ќе има и други прилики, но сега треба на своите врсници да им покаже зошто играл со најдобрата селекција. Верувам дека генерацијата со Додиќ, Цениќ, Мијатовиќ…ќе има што да каже“, изјави Херона за „Балкан Хендбол“.