Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа на третата контрола во подготвителниот период пред стартот на пролетниот дел од сезоната откако денеска ја надиграа Горица и ја совладаа со 27:24.
После ремито со Целје и поразот од тимот на Загреб, денеска ракометарите на Еурофарм Пелистер каде недостигаат неколку играчи кои беа на Мундијалот успеаја да имаат целосна контрола над составот на Горица.
Битолчани имаа предност од 16:10 после првото полувреме и доминираа така што овие шест гола беа и повеќе од доволни за да може да се одигра мирно во продолжението.
Во вториот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа мало опуштање, па дозволија противникот да се доближи. Дојде до намалување на предноста, но не се стигна повеќе така што на крајот победата му припадна на составот од Битола.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ГОРИЦА 27:24 (16:10)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Чаневски (7 одб.), Трајкоски (3 одб.), Мараш 2, Ојлески 2, Кукуловски 5, Атанасијевиќ 1, Мандалиниќ, Стјепановиќ 1, Радовиќ 3, периќ 2, Вегар, Кукоски, Граџан 3, Ѓукиќ 8,
Седмерци: 1/3, Исклучувања: 4 мин.
ГОРИЦА: Сладољев (20 одб.), Јозеповиќ, Чеповиќ 2, Горичанец,2, Неран, Шалиќ 2, Чакариќ 3, Врбиќ, Пуриќ, Гризељ 1, Бура 10, Баришиќ, Свржак 2.
Седмерци: 0/2, Исклучувања: 2 мин.