Тимот на Веспрем, по победата над Мешков Брест во минатото коло, прослави уште еден домашен триумф во Лигата на шампионите. Избраниците на Давид Дејвис, по голема борба, го совладаа големиот ривал Келце со 28-24.
Гостите отворија со два брзи гола на Каралек за 0-2, беше и 4-6, а Веспрем со мини серија од три гола преку Нилсон, Лауге и Маргуч за првпат поведе во мечот со 7-6. Но Келце не дозволи домаќинот да се разигра, ги затвори Ненадиќ и Тонесен и ја презема контролата. Во три наврати водеше со плус два, а со таква разлика се замина на пауза, 13-15.
Како одминуваше времето во вториот дел, така Веспрем ја топеше предноста на Келце и во 45. минута стигна до предност од плус два, 22-20 со головите на Гајиќ. Келце ја загуби инвентивноста во нападот и домаќинот немаше проблеми да ја завери победата во финишот.
Најдобри стрелци кај Веспрем беа Ненадиќ и Борозан со по четири голови, додека кај Келце се истакна Каралек со шест, а Јанц даде три.
Порто покажа дека не е воопшто наивен ривал, откако го победи Монпелје среде Франција со убедливи 22-27. По поразот на Вардар кај Мешков Брест, Кил води на табелата со 14 бодови, Веспрем има 12 на второто место, Монпелје е трет со 11, Келце и Порто имаат по 10, додека Вардар е шести со 9 бодови.