Поранешен репрезентативец на Србија: Ние требаше да бидеме шампиони во 2003 година, не Хрватска

Еден од ракометарите кои во 2003 година беа дел од репрезентацијата на Србија, Младен Бојиновиќ се сеќава на тој период кога северниот сосед имаше силна селекција која беше секогаш во конкуренција за висок пласман.

Србите беа редовно во трка за полуфинале, но на тој шампионат не ги исполнија очекувањата.

Бојиновиќ зборува за она што се случувало и вината ја пронаоѓа во сопствените редови велејќи дека проблемот бил во нивните „болести“ кои уште не можат да ги прележат и да тргнат напред. Сето тоа им влијае и сега кога не можат да фатат континуитет со учество на големите натпреварувања.

Инаку, смета дека на тој шампионат во 2003 година кога Хрватска го освои златото требало да има друг шампион. Според него Србија имала неверојатна генерација и не смеела да ја испушти шансата.

„Прогнозирав дека ќе ја освоиме титулата Светски шампиони, дури и напишав на хартија за да имам доказ. Меѓутоа, нашите болки не исфрлија од битката за медал. Тоа дефинитивно беше наша година. Во тимот ги имавме Перуничиќ, Милосављевиќ, Матиќ, Суџум, Лапчевиќ, Периќ, Војиновиќ, Петриќ, Лисичиќ, Максиќ, Шкрбиќ, Ѓурковиќ, Штербик… Екипа од соништата. Сè беше неверојатно до првиот натпревар против Тунис, а потоа загубивме добиен натпревар против Шпанија. Тој пораз не прати во сосема друга група во која игравме против исклучително силните Германци. Во последната секунда Цербе ни даде гол. Тие убедливо го победија Тунис и Португалија, а ние испуштивме голема предност. Не бевме силни во главата. Во полуфиналето играа Шпанија-Хрватска место Србија-Хрватска, која дотогаш ниту еднаш не немаше победено. Многу ми е жал за тоа и денес“, вели Бојиновиќ.

На ова првенство медалите им припаднаа на репрезентациите на Хрватска, Германија и Франција. Србија тогаш играше во состав на СР Југославија заедно со Црна Гора, а финишираше на 8. позиција.