Женската сениорска репрезентација на Македонија прикажа добра игра на првиот дуел од ЕХФ Еуро купот против Црна Гора и беше рамноправен ривал во добар дел од средбата, но на крајот заврши со пораз од 21:29.
Од почетокот на средбата и двете селекции имаа игра во грч при која тешко успеваа да дојдат до реализација. Долго се бараше простор за погодок, па затоа дури во 11. минута од средбата Македонија стигна до првиот погодок. Додека се чекаше на првиот погодок, Јована Саздовска бранеше во добра форма и тоа резултираше со само три гола за противникот.
Иако почетокот беше во грч, сепак, се фати приклучок и се влезе во добар ритам. Брзо беше обезбеден нерешен резултат од 5:5 во 17. минута, па во продолжението работите одеа многу полесно. Тоа донесе до интресно продолжение во кое неколку минути се играше гол за гол, а потоа Црна Гора дојде до предност од четири гола (26 минута, 11:7) и до крајот на првиот дел остана овој резултат.
Почетокот на вториот дел од натпреварот беше сосема поразличен од она што можеше да се види во првите десет минути од средбата. Ракометарките на двете селекции беа далеку поефикасни. Одиграа на многу повисоко ниво при што покажаа дека можат да играат далеку поквалитетно во напад.
Имаше многу погодоци и на двете страни. Македонија имаше доста новитети во нападот, но колку беше добро во нападот, толку имаше проблеми при враќањето назад во одбрана. Често акциите на противникот завршуваа набрзина и носеа лесни погодоци така што Црна Гора почна одново да ја зголемува предноста.
При 17:18 во 41. минута следуваше најлошиот период во нападот за Македонија. Многу тешко се пробиваше одбраната на противникот и тоа носеше лесна реализација за Црна Гора и 23:17 во 48. минута. Тука веќе беше загубен овој натпревар така што тешко можеше назад во овој дуел.
Од финишот на првото полувреме Македонија мораше и без капитенот Елена Георгиевска која побара замена и остана на клупата за резерви до крајот на натпреварот.
МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 21:29 (9:13)
Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 300. Судии: Шериф Џема и Бесфорт Јахја од Косово. Делегат: Камер Металари од Македонија.
МАКЕДОНИЈА: Мицевска (11 одб.), Јовановска (1 одб.), Јанеска 4, Џатевска, Дукоска, Ѓорѓиевска, Јанкуловска 1, Миновска 2, Кипријановска, Ристовска 6, Ризоска, Стојковска 2, Дабевска 1, Гичевска 5, Коцева, Младеновска.
Седмерци: 4/7, Исклучувања: 6 мин.
ЦРНА ГОРА: Рајчиќ (7 одб.), Ненезиќ (1 одб., 2 сед.), Плетикосиќ 4, Мугоша 5, Булатовиќ, Ујкиќ 2, Асанин 2, Чоровиќ, Бабовиќ, Брновиќ, Павичевиќ 3, Рамусовиќ, Грбиќ 10, Вукчевиќ 2
Седмерци: 4/4, Исклучувања: 10 мин.