Поповски со „двојка“ против Шафхаузен

Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, загуби на гости кај Кадетен Шафхаузен во заостанат натпревар со 32-29.

По првото полувреме домаќините имаа само два гола позитива, 18-16, а Цирих и во вториот дел не беше лесен залак, но на крајот сепак беше поразен.

Поповски беше стрелец на два гола од два обиди против ривалот на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа.

Амичитија Цирих во следното коло ќе се соочи со лидерот на табелата во швајцарскиот шампионат, Фади Винтертур.