Македонскиот интернационалец Мартин Поповски кој настапува во првенството на Швајцарија за тимот на Цирих имаше уште едно добро издание за својот тим и беше прв стрелец.
На гостувањео на Цирих кај Арау, Поповски кој настапува на позицијата десно крило имаше шест погодоци од исто толку обиди, но ниту тоа не беше доволно неговиот тим да избегне пораз.
Цирих добро го отвори натпреварот со 3:0 и успешно го чуваше водството сè до 28. минута кога Арау поведе за првпат. Сепак, со голот на Поповски во последната секунда на полувреме беше 11:11. На почетокот на второто полувреме Арау се одлепи на доволна позитива за конечна победа на крајот.
Со овој пораз составот на Поповски останува во опасната зона на деветата позиција на табелата со девет бода и три заостанување зад Базел кој е прв над зоната на испаѓање. Во следното коло Цирих го пречекува токму составот на Базел.