Европската ракометна федерација го потврди терминот за натпреварот меѓу Македонија и Данска во квалификаците за ЕП 2022 што ќе се игра во Унгарија и Словачка.
Избраниците на Данило Брестовац против Ландин, Хансен, Тофт Хансен и останатите ќе играат на 10 март следната година во Скопје.
Местото е добро познато – СЦ „Борис Трајковски“, а почетокот ќе биде во 20:00 часот. Возвратниот дуел во Данска ќе се игра три дена подоцна.
Македонија стартуваше одлично во квалификациите и досега има две победи над Финска и Швајцарија.
Пласман на континенталниот собир обезбедуваат сите прво и второпласирани од осумте квалификациски групи, плус четирите најдобро третопласирани.