Две македонски екипи ќе имаат шанса да се изборат за место на завршниот турнир во регионалната СЕХА лига.
Вардар и Еурофарм Пелистер против хрватскиот Загреб и белорускиот Мешков ќе одиграат четвртфинален двомеч за место на Ф4 во Задар.
Битолчани на 21 август на домашен терен ќе го пречекаат Мешков Брест, додека реваншот во Белорусија ќе биде на 29 август.
Вардарци дома против „плинарите“ ќе играат на 26 август, додека реваншот во Загреб ќе биде на 31 август.
СЕХА лига, четвртфинале, распоред:
21 август, Еурофарм Пелистер – Мешков Брест
24 август, Татран Прешов – Мотор Запорожје
24 август, Нексе – Веспрем
26 август, Вардар – Загреб
29 август, Мотор Запорожје – Татран Прешов
29 август, Мешков Брест – Еурофарм Пелистер
30 август, Веспрем – Нексе
31 август, Загреб – Вардар