Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ја почнува борбата за пласман од 5 до 8 место на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Прв ривал во разигрувањето ќе биде селекцијата на Финска, а селекторот Љубомир Савевски не направи промени во ростерот во споредба со претходниот дуел.
Ќе настапат истите ракометарки што беа дел од натпреварот против Косово и победија убедливо.
Натпреварот меѓу Македонија и Финска се игра денеска од 15:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.