Машката кадетска репрезентација денеска ќе стартува со натпреварите на ЕХФ шампионатот кој се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ и ќе има можност против Грција да влезе на натпреварувањето со победа.
Селекторот Лазаров одлучи кои 16 ракометари ќе влезат во составот за натпреварот со јужниот сосед, a меѓу се Ѓорговски, Митев, Димовски, браќата Атанасијевиќ, Стојковиќ, Стојчевиќ…кои имаа солидна минутажа во Суперлигата минатата сезона.
Мотивот кај момците е на високо ниво и очекувањата се да се тргне најдобро што може да така што денеска е шансата да се покаже најдоброто.
Македонија е фаворит и тоа ќе треба и да се покаже на теренот, натпреварот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:30 часот, а ќе го судат Ортега и Сориа од Шпанија.