Тимот на Еурофарм Работник денеска го игра претпоследниот натпревар оваа сезона во Лигата на шампионите и гостува кај финскиот првак Кокс.
Стратегот Стевче Алушовски ќе смета на истите ракометари што го победија шведскиот Савехоф минатиот викенд во Битола.
Отсуствуваат голманот Благојче Трајкоски, како и повредените Невен Стјепановиќ и Милорад Кукоски.
Натпреварот меѓу Кокс и Еурофарм Работник се игра од 18:00 часот во „Кокс Арена“ во Рихимаки, а ќе го судат словенечките арбитри Озрен Бацковиќ и Мирко Палачковиќ.