Женската репрезентација на Македонија вечерва го игра последниот натпревар од квалификацискиот турнир за пласман во баражот за Светското првенство во Шпанија.
Ривал е нашиот јужен сосед, а селекторот Симе Симовски направи две промени во ростерот во споредба со вчерашниот дуел со Литванија.
Од комбинација за настап отпаднаа пикерот Ивана Гакидова и голманката Матеја Серафимова, а во ростерот ќе бидат бекот Милица Николиќ и голманката Драгана Петковска.
Натпреварот меѓу Македонија и јужниот сосед се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот.