Ракометарите на Вардар денеска ќе се соочат со тимот на Мешков Брест во 6. коло од Лигата на шампионите и ова е централниот меч денеска. „Црвено-црните“ ќе се обидат да одиграат најдобро што можат и да се покажат во добро издание така што се очекува сè да биде во позитивен правец.
Тренерот Едуард Кокшаров за оваа средба нема да смета на повредените Атман, Горпишин и Толедо, а во ростерот се враќа левиот бек Сергеј Горбок.
Денешната средба почнува од 17:00 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“. Вардар нема друг избор освен пред своја публика да тргне со сите сили за да дојде до позитивен резултат, а сите очекувања се да се успее во намерите.