Македонскиот шампион Вардар вечерва го игра третиот натпревар од Лигата на шампионите.
По ремито кај Елверум и триумфот над Мешков Брест, апетитите на вардаровите навивачи пораснаа и сега се посакува победа над европскиот вицепрвак Алборг.
Во ростерот на Вардар се враќа Борко Ристовски, а и покрај најавите вечерва нема да настапи Анте Кудуз.
Кај Алборг ќе недостигаат првата ѕвезда Арон Палмарсон и голманот Микаел Агерфорс.
Натпреварот меѓу Вардар и Алборг се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.