Ракометарите на Вардар денеска го играат првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите против Мешков Брест.
Стратегот на „црвено-црниот“ тим Стевче Алушовски, одбра 16 ракометари во ростерот од оние 17 што отпатуваа, а на трибините ќе остане средниот бек Марко Мишевски.
Тројцата голмани Ристовски, Кизиќ и Кантегрел ќе бидат во составот, а со враќањето на капитенот Стоилов, Алушовски сега има и тројца кружни напаѓачи.
Останатиот дел од ростерот е познат, Димитриоски и Дибиров на лево крило, Чупиќ и Георгиевски се десно, леви бекови се Талески и Дисингер, на среден бек ќе покриваат Гаџа и Јотиќ, а десни бекови се Вујин и Векиќ.
Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра од 18:45 часот во салата „Викторија““, а ќе го судат Николај Володков и Евгениј Зотин од Русија.