Победничката серија на Тиквеш во подем, трет триумф за чекор кон првите шест (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје 2020 – Тиквеш (Супер машка лига)

Екипата на Тиквеш дојде до победа од 30:26 на гостувањето кај Скопје 2020 во 8. коло од Супер машката лига. Со оваа победа кавадарчани дојдоа до нови три бод за вкупно 12 поени и враќање во трка за плеј-оф во суперлигашката конкуренција.

Ракометарите на Тиквеш дојдоа до третата победа во серија и со тоа влегоа одново во трка за плеј-оф. Денеска го совладаа тимот на Скопје 2020 со 30:26 во СЦ „Борис Трајковски“ така што имаат одлични резултати кои најавуваат уште подобро продолжување на сезоната. Натпреварот беше интересен. Иако Скопје останува без бодови и понатаму сосема ивесно е дека има напредок, но дека треба време за да се достигне нивото кое е потребно за да може да се парира целосно на тимовите кои се далеку поискусни.