Данскиот репрезентативец Мадс Менса Ларсен, во новата сезона ќе остане во Бундес лигата, но ќе има нов клуб.
Тој би требало да го засили „данскиот“ клуб во Германија – Фленсбург, откако 28-годишниот лев бек кој ја освои титулата на Мундијалот со Данска, веќе се договорил за соработка со еден од најголемите ривали на „лавовите“.
Ларсен е член на Рајн Некар од 2014 година, но се чини дека не ги оправда во целост сите очекувања на челниците на „лавовите“.
Поранешниот член на Алборг, Копенхаген и Нордсјиланд, би требало да биде лидер во бековската линија на Фленсбург, заедно со Норвежанецот Горан Јоханесен и полскиот репрезентативец Микал Јурецки.